(Видео) Крмов: ДПМНЕ го брише секој пишан траг од името Македонија
Пратеникот од редовите на #Левица, Борислав КРМОВ, во ,,Што мисли народот?” на ТВ Стар.
„Значи, вие треба да оставите пишан траг од таа држава секаде каде што можете, максимално да го користите, еве, на среден рок и Преспанскиот договор, ако ви дозволува да користите македонско, македонски, македонска ит .н., а не да менувате Македонски шуми во Национални шуми. И тогаш да вршите притисок Грција да си ги исполни обврските, па во одреден период ако е подготвен теренот, да пристапиме кон враќање на името.
Немале никаков план, планот бил да викаме Македонија и на тој план веднаш реагираа со притисок. Притисокот за ,,Бугари во Устав” не е толку голем, што не значи дека нема да стане, особено според тоа како се развива ситуацијата во Украина.
Ако почне Русија сѐ повеќе да победува на фронтот, ако е како што е во моментот, не знам дали следите, притисокот ќе почне да се зголемува тука. Да се ставиме во крпче, воено во НАТО и економски во ЕУ, за да не може да мрдаме или што помалку може да мрдаме.“