Левица со 2.500 амандмани го блокира назначувањето на вториот заменик директор на Царина кој треба да биде од ЗНАМ

Пратеничката група на Левица поднесе над 2 500 амандмани на контроверзниот Закон за царинска управа, со кој се предвидува освен директорот и заменикот, да има дополнителен втор заменик, сѐ со цел да се подели пленот помеѓу сите владејачки партнери.

Скандалозно и вон сите етички норми, е тоа што мнозинството измислува функции за кадрите на ЗНАМ, со што се нарушува работата на царинската управа и се удира директно по парите на граѓаните.

Клептоманската коалиција во овие први 100 дена од нивното владеење покажа слух само за зголемувањето на привилегиите на своите функционери. Затоа сега имаме ред нови министерства и позиции кои ќе служат за канализирање на државните пари во партиските кеси, се вели во соопштението од партијата.