Левица: Работниците на улица во ЈП Водовод и канализација

  • Реакција на Левица – Трудов сектор

Управниот одбор, избран во времето кога Данела Арсовска беше во добри односи со ВМРО-ДПМНЕ, донесе одлука за прекинување на работниот однос на 54 работници во ЈП Водовод и канализација вработени како даватели на услуги на определено време.

Оваа одлука е резултат на постоечките промени во политичката клима и инаетот на советниците од Град Скопје кои не гласаа за овие работници да го задржат своето работно место

Во време кога ЈП ВОДОДВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА е со дефицит на вработени, Управниот Одбор на чело со Идриз Орана и градаките советниците на ВМРО ДПМНЕ одлучија да остават 54 фамилии на улица.

Со ова се наштетува на претпријатието но и на граѓаните кој се корисници на услугите на ова јавно претпријатие.

Целта на ваквиот чин од страна на управниот одбор е кај граѓаните да се појави револт, се’ со цел вината да се префрли кај градските власти поради неадекватно менаџирање со претпријатијата кој се под ингеренции на градот Скопје.

Левица како партија на народот е против оваа одлука да се остават фамилиите на вработените во овој тежок економски период без приход.