Пресретнато писмо со куршум адресирано до словачкиот премиер Роберт Фицо
Писмо со куршум адресирано до словачкиот премиер Роберт Фицо пристигна денеска во словачката Влада, соопшти денеска неговата прес-служба.
Според извештаите, куршумот бил пронајден откако сомнителниот плик бил земен за рендгенска проверка, јавува словачкиот портал „Плус 7 Дни“.
Се додава дека писмото пристигнало од непознат испраќач.
Портпаролот на регионалната полиција во Братислава, Михал Зеиф ја потврди веста и додаде дека полицијата истражува.
Фицо на 15 мај годинава преживеа обид за атентат во кој беше тешко повреден.