Политчка естетика: Знамиња, знамиња насекаде, само македонското ретко, уствари не!
Став на „Ѕедунг“, алијас од нашинец кој живее во Кина:
Во очи на последните случувања, гледајки разни македонски државници шетајки службено по белиот свет пропратно платени со наши пари како ГОРДО го претставуваат албанското знаме, едноставно неможам а да не искоментирам тоа што ми лежи на душа.
Во светот на политичката естетика, симболите имаат силна моќ – особено знамињата. Македонското знаме, тоа убавото, со сонце кое би требало ГОРДО да свети над нашата земја, често останува во некоја поличка позадина (читај го нема). Наместо тоа, низ многу македонски градови, албанските политички лидери избираат да негуваат некое друго знаме – она со двоглавиот орел. Да не бидам неразбрани, не дека не сакам орли, но не е ли патетично што изгледа како да сме во Албанија или Косово наместо во НАШАТА ЗЕМЈА?
Погледнете каде и да оди албанец политичар на дипломатска средба во странство или да има прием во НАШАТА ЗЕМЈА, ќе бидете поздравени со црвено-црно знаме на соседната држава. А македонското знаме? Па, тоа е тука некаде, веројатно во сенката на некој партитски штаб од македонскиот политички блок. Дури и кога се зборува за „инклузивност“ и „заедничка држава“, се чини дека знамињата не се подеднакво застапени. Можеби има некое чудно правило – кога треба да се брани демократијата, етничките права, застапеноста и слично орелот е секогаш повикан прв.
Ајде сега да погледнеме како тоа го прават Кинезите. Без оглед каде се наоѓате во Кина, било да е тоа во мегаполисот Шангај или во некое мало село, едно е сигурно – кинеското знаме гордо се вее на секој агол. Од влезот на административните згради до секој втор трговски центар, нивното национално знаме е тука. А кога ќе почнете да се сомневате во нивниот патриотизам, тие ќе ве поканат на церемонијата на подигање на знамето – сериозен ритуал со кој покажуваат почит кон нивниот симбол.
И тука е моментот што навистина вади на виделина друга димензија: ако некој во Кина се осмели да истакне знаме на друга држава со тенденциозна намера, има помрачина да го изеде. Веднаш ке го пуштат на превоспитување во некој камп. И, знаете што? Лично тоа целосно го одобрувам. Има нешто особено моќно во начинот на кој тие го негуваат своите национални симболи.
Во Македонија, ваква сцена би изгледала малку непријатно – можеби не заради недостаток на љубов кон знамето, туку заради тоа што се чини дека едни симболи полека ги преземаат другите. Можеби и ние треба да воведеме традиции како Кинезите, да подигаме знаме како во Кина и да го славиме нашето македонско сонце со иста жар како што го прават тоа со орлите во други делови на нашата земја.