(Видео) Шон Комбс или попознат како Паф Диди уапсен во Њујорк поради обвиненија за трговија со луѓе
Музичкиот магнат Шон „Диди“ Комбс, кој минатата година се соочи со низа тужби за сексуални напади и федерална истрага за трговија со луѓе, беше уапсен, потврди адвокатот на продуцентот за Си-Ен-Ен.
Комбс, кој од минатата недела се наоѓа во Њујорк, беше уапсен вчера во хотелот Парк Хајат на 57-ма улица во Менхетн и беше приведен од истражителите на Одделот за домашна безбедност околу 20:15 часот по локално време, според извор запознаен со случајот за Си-Ен-Ен.
Апсењето се случило на основа на обвинение кое се очекува да биде објавено денеска, според изјавата на Дамијан Вилијамс, американски обвинител за Јужниот округ на Њујорк.
Во моментов не се познати деталите и обвиненијата во случајот против Комбс.
Преговорите за неговото предавање траеле неколку дена, а обвинението беше потврдено вчера, изјави изворот.
„Разочарани сме од одлуката за покренување, според нас, неправедно гонење на г-дин Комбс од страна на Канцеларијата на американскиот обвинител,“ изјави Марк Анифило, адвокатот на Комбс, за Си-Ен-Ен.
Анифило додаде дека Комбс соработувал со истрагата која довела до обвинението и „доброволно се преселил во Њујорк минатата недела во очекување на овие обвиненија“. Неговиот тим тврди дека Комбс е невин и нагласува дека „нема што да крие“.
„Шон ‘Диди’ Комбс е музичка икона, самостоен претприемач, сакан семеен човек и докажан филантроп кој изминатите 30 години го градел своето царство, ги обожава своите деца и работи на подигнување на црната заедница. Тој е несовршена личност, но не е криминалец,“ изјави Анифило за Си-Ен-Ен.
Анифило повика јавноста „да не донесува заклучоци сè додека не се познаваат сите факти. Овие се постапки на невин човек со чиста совест, и тој со нетрпение го очекува расчистувањето на своето име во судот.“
На почетокот на годинава, Комбс стана цел на повеќемесечна истрага за трговија со луѓе, предводена од истражителите на Одделот за домашна безбедност, која доведе до драматични претреси на неговите домови во Лос Анџелес и Мајами во март.
Sean “Diddy” Combs has been arrested in Manhattan after a Grand Jury Indictment
— Kevin Dalton (@TheKevinDalton) September 17, 2024
Combs has been under mounting scrutiny since a 2023 lawsuit by his former girlfriend, Cassie, accused him of sex trafficking and years of abuse pic.twitter.com/c0Ax04JwXK