Актуелно

Левица: ДПМНЕ ја брише Република Македонија од законите додека Грција го укина Центарот за македонски јазик

Пратениците на ДПМНЕ: А. Милошоски, Б. Ласовска, Е. Панова, Д. Стојановска и Б. Стојановски, поднесоа законски измени со кои се брише името Република Македонија од „Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен основ во втор степен“.

Пратеничката од Левица Јована Мојсоска побара оваа точка да биде тргната од дневен ред:

„Причината зошто барам да се повлече овој предлог закон од дневен ред е членот број 11 кој гласи: ‘Низ целиот текст на законот зборовите Република Македонија се заменуваат со зборовите Република Северна Македонија.’

Дури и она што СДСМ не успеа да ја избрише Република Македонија од сите законски и подзаконски акти, гледаме како денес ВМРО-ДПМНЕ го брише секој писмен траг од постоењето на една држава со име Република Македонија и е учесник во бетонирањето на новиот ‘Северномакедонски’ идентитет!“

Пратениците на ДПМНЕ гласаа ПРОТИВ предлогот и го поддржа воведувањето на „Северна“, се вели во соопштението на партијата.