Изложбата “Боите на Св. Трифун низ сликите на ликовните уметници од Македонија” вечерва во Гевгелија
Вечерва (среда) во Уметничката галерија Амам во Гевгелија со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена реномираната изложба “Боите на Св. Трифун низ сликите на ликовните уметници од Македонија” од група автори.
По повод месецот на гроздоберот – септември ќе имате можност да ги погледнете делата на македонските уметници поврзани со празникот на грозјето и виното.
Изложбата е организирана од Локален Музеј – Галерија Кавадарци во соработка со НУ Музеј Гевгелија и ЈОУ Дом на култура Македонија – Гевгелија.