Шаховската авантура на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски
- Реакција на Левица- Кисела Вода
Почитувани сограѓани, доколку се одлучите за партија шах на огромната табла во паркот 11 Октомври бараки која ја промовираше “нашиот” градоначалник Орце Ѓорѓиевски , би ве советувале, да си земете сопствена табла, а притоа да не заборавите да облечете гумени чизми.
Оваа табла шах, градоначалникот помпезно ја најави на 25 октомври 2023 година, но до денес не е завршена, дури и не се приметува од обраснатата трева и дрва.
Драги сограѓани, ова се ваши пари, да не дозволуваме некој да си поигрува со нив за да си ги оствари своите хирови.