Левица-Кисела Вода: Дали улицата Христо Татарчев ќе ја снајде судбината како улицата Славка Динкова
- Реакција на Левица-Кисела Вода
Фирмата која ја изврши катастрофалната реконструкција на улица Славка Динкова финансирана од град Скопје во населба Драчево сега ја реконструира улицата Христо Татарчев. Иако оваа фирма е тужена од Општина Кисела Вода (според исказот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски), истата повторно добива тендер кој го финансира Министерството за транспорт и врски и Светска Банка. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски повторно не можеше да се воздржи, па направи ПР за заслуга исто како со улицата Славка Динкова, која само после неколку месеци е во очајна состојба. Да се надеваме дека улицата Христо Татарчев нема да ја снајде истата судбина како улицата Славка Динкова, оти од многу надзори (бабици ) детулето килаво станува.
Како круна на се ,на оваа улица која е една од главните артерии на општина Кисела Вода, после стругањето на асфалтот не се преземаат никакви мерки за санација и реконструкција, а исто така нема видни обележја за пренасочувањето на автобуските линии.
Градоначалнику Орце Ѓорѓиевски, без разлика кој финансира во нашиот двор, вие сте должен да ја надгледувате и забрзате реконструкцијата на оваа улица која е од витално значење за граѓаните од општина Кисела Вода.