Симонов: Што може да се заклучи од вчерашната интерпелација?
Став за вчерашната интерпелација на членот на Президиумот на Политичката Партија Левица, Александар Симонов.
1. Актуелната власт не е подготвена да ги повика на политичка одговорност и да разреши сопствени функционери, иако многукратно е потврдено злоупотребата на функцијата и нејзините привилегии;
2. Драмата на Максо и ЗНАМ за учество во некоја борба против великоалбанскиот национализам во владините институции заврши. Смешните изјави за некаков конфликт или наводна борба (глумење опозиција на сам себе) со ВРЕДИ во иднина ќе се посмешни;
3. Тезите дека „не се сите исти“, „има разлика“ и „никој не е над законот“ на ДПМНЕ пропаднаа во вода! Ако порано важеше дека функционерите на ДУИ никогаш не поднеле одговорност, тоа сега важи за сите т.н. политички претставници на Албанците (единствено важно е да се во Влада);
4. Албанците покажаа дека етничката припадност им е над државната и сите се солидаризираа со Гаши, без разлика од која партијата се претставници, ДУИ, ВРЕДИ или СДСМ. Погазувањето на било каква македонска вредност, не го гледаат како пречка, напротив, се натпреваруваат во тоа, зошто длабоко веруваат оти тоа е рецептот за политички поени;
5. Делење на колачот од директорски, заменик директорски, министерски и било какви други државни функции зад затворени врати, на актуелната владејачка коалиција, е поголем приоритет, отколку погазување на Уставот, законите, јазикот и нарушувањето на угледот (не само дома и меѓународно) на државата.
6. ЗНАМ останува конзорциум на клиентелисти разочарани од своите „матични“ партии (читај материјално). За нив како ќе одминува времето, целата медиумска наклонетост и слаткоречивост, што им се отстапува нема да може да го покрие евтиното лицемерие, освен ако гласачите уште еднаш не изберат да бидат пренесени жедни преку вода;
7. Ако го газиш Уставот, законите или било кој од нормативните акти, повикај се на тоа албанофобија и влези во улога како ти си жртва на ова општество, не се грижи, се ќе ти биде простено и нема да поднесеш одговорност.
8. Секуларизмот во државата се повеќе ќе ерозира, а религиските заедници ќе влезат во трка на политичко наметнување. Преседан на повикување на религија наговестува се почесто користење на религијата како политичка алатка за манипулација на гласачкото тело.
9. Врховизмот и бализмот, совршено ја водат државата во дезинтеграција! Ерата на „фејк“ патриотизам од ДПМНЕ тек доаѓац и баш „фејк“ патриотизам, ќе ја соџвака „Северна“. Од партија што ги амнестираше терористите од 2001 година, мислам дека никој не очекуваше да гласа интерпелација. Слово не кажаа за погазувањето на македонскиот јазик, ама па најголеми Македонци се кога пејат „Заветна“.
10. Левица останува ударна тупаница и носител на опозицијата! ДПМНЕ тоа не го сака (Му одговара опозиција со скратени крилја за борба која зад себе има криминално минато како СДС) и затоа секој битка која ние ја добиваме, ќе се обидуваат да ја вулгаризираат, обезвреднат и изедначат со другите партии кои не се во Влада (како што го прават тоа сите овие денови).
п.с. Еве како исламофоби (нели така не’ нарекоа) ќе поднесеме Резолуција за признавање на Палестина (земјата во која се врши најголемиот геноцид врз исламското население), да видиме Гаши кога ќе ја стави на дневен ред и пратениците Албанци кои се повикуваат на нивната вера, колкумина од нив ќе гласаат ЗА истата.