Левица-Радовиш: Новата учебна година започна со уште едно неостварено ветување за дечињата!
- Реакција Левица-Радовиш
Само едно од многуте неостварени ветувања на Ацо Ристов – Градоначалник на општина Радовиш и групата на советници на ДПМНЕ.
Бесплатниот оброк за сите ученици од оделенска настава неостварен и во последната година од мандатот на градоначаникот и неговите советници.
Сведоци сме како се расфрлаат со пари на непотребни проекти, како очигледно се местат тендери, а како само знаат гордо да позираат на неколку метри нов асфалт но за дечињата очигледно немаат ниту пари ниту време!