Стојковски ја потврди неговата злоупотреба на службената положба и овластување
- Соопштение на Левица-Ѓорче Петров
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Стојкоски, денес, растреперен, сакајќи да ја демантира Левица, се демантираше себе, нивниот министер Таравари и јавно ги потврди наводите на Левица за неговото пречекорување на службените овластувања.
Како што претходно истакнавме, за располагањето со општинскиот објект, спротивно на законите, не беше информиран ниту Советот на Општината Ѓорче Петров, а камо ли истиот да донесе Одлука како што налагаат законите и хиерархијата на локалната самоуправа! Единствена информација за тоа што се случува со старото општинско седиште беше прес-конференцијата на Стојкоски, бугарскиот амбасадор и донатор, и министерот Таравари кој истакна дека општинскиот објект е дониран!
Денес самиот Стојкоски потврди дека извршил кривично дело и ги заплеткал прстите во корупција. Законот за локалната самоуправа и Закон за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост се децидни дека во име на општината, со стварите во општинска сопственост располага советот на општината!
Оттука, за намерата за издавање под закуп, предметот, условите, периодот и други битни елементи – одлучува и ги определува советот на општината преку одлука и го овластува градоначалникот да го склучи конкретниот договор за закуп.
Ниту еден претходнодонесен подзаконски акт не може да биде над законите, хиерархијата и суштината на советите како одлучувачки органи во единиците на локалната самоуправа.
За крај, го советуваме Стојкоски да го остави на страна штабското другарство и да си најде пообразован и искусен правен тим.