АктуелноЛокално

Црвена Младина: Владата скрати 76 милиони денари од буџетот за научноистражувачката дејност

  • Реакција на Црвена Младина

Со најновата објава на Шангајската листа на најдобри универзитети во светот, уште еднаш е потврдено дека македонското образование и наука се во длабока криза! Недостатокот на било какво присуство на македонски универзитет на оваа реномирана листа е јасен показател дека политиките на владејачките гарнитури низ годините, ја гушат академската заедница и го маргинализираат значењето на истражувачката дејност.

Владата донесе Одлука согласно изгласаниот ребаланс на буџетот со која од и така скромните средства издвоени за научноистражувачката дејност – скратени се дополнителни 76 милиони денари.

Најновиот ребаланс на буџетот, со кој од 72 милиони денари за национално научно-истражувачки проекти се скратени на бедни 200 илјади денари, е директен удар врз нашите професори и млади истражувачи.

Понатаму, за програми на јавните научни установи и единиците насочени кон науката при држаните универзитети, сега се предвидени понижувачки 100.000 денари, односно речиси 14 милиони помалку.

Одпрвично предвидените средства за билатерални научно-истражувачки проекти, скратени се 5 милиони денари.

Оваа скандалозна одлука само ја продлабочува безизлезната ситуација во која се наоѓа високото образование во Македонија. Наместо да вложуваме во знаење и истражување, ние сведочиме на драстично намалување на средствата кои се неопходни за академскиот напредок на земјата.

ЦрвенаМладина остро го осудува ова не почитување на македонската академска заедница. Со намалувањето на вкупниот буџет за програмата за научноистражувачка дејност, се испраќа порака дека истражувањето и научната мисла воопшто не се приоритет за државата. Ова не е само економска катастрофа, туку и морална трагедија која ги загрозува иднината и квалитетот на образованието во Македонија.