Здравевски до претседателот на УМС: Ќе застанеш ли на страна на студентите?
Министерката Јаневска најави дека во Буџетот на државата нема пари за бесплатен градски превоз за студентите и средношколците бидејќи не постоело основ за дотација кон град Скопје. Ова за јавноста го соопштија од Црвена Младина, по што раководителот на оваа организација фо статус на социјалните мрежи, постави прашање до Сергеј Попов, претседател на УМС и пратеник, дали ќе застане на страна на студентите.
Сергеј Попов дали ќе престанеш да гледаш од страна и ќе застанеш на страната на студентите? Можеби проблемот е што никогаш не си се качил во автобус па не ја разбираш важноста на бесплатниот превоз? – Напиша Здравевски на приватниот фејсбук профил.
Ова не е прво разочарување за студентите и учениците од новата Министерка и Влада кои претходно потврдија дека учебниците за сите ученици нема да бидат достапни на 1 септември.
Здравевски дополнително наведува дека „Министерката за образование заедно со Владата не планираат да ги исплатат 8-те милиони евра што ги должат на ЈСП за бесплатниот градски превоз што го имаа студентите и средношколците, со што директно се става под ризик оваа мерка…“