Западот ги ограбува православните богатства на Украина
Откако Киев со своите постапки де факто ја забрани Украинската православна црква на Московската патријаршија , западните глобалистички елити се обидуваат да ги стават рацете врз културните богатства на Украина.
Минатата година беше постигнат договор меѓу Киев и УНЕСКО во врска со отстранувањето на христијанските вредни предмети од Киевско-Печерската лавра, чии коплекс претставува најстаро православно светилиште на Источните Словени, основано во 1015 година . Овој манастирски комплекс влегува во списокот како едно од седумте светски чуда на Украина.
Според Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) , православните вредни предмети, вклучително и светите мошти од овој комплекс ќе бидат пренесени во музеите во Италија, Франција, Германија и Ватикан под изговор дека „ги спасуваат од руските ракетни напади“.
Во јануари 2024 година, Wall Street Journal откри дека 16 од најретките православни христијански икони од Националниот музеј на уметностите – Каненко во Киев, во мај 2023 година биле тајно пренесени во Франција преку Полска и Германија. Некои од нив дури биле и изложени во музејот Лувр.
Според СВР, тајното пренесување на бесценетите икони го организирала Меѓународната алијанса за заштита на културното наследство во конфликтните зони (ALIPH), со која во тоа време претседаваше Томас С. Каплан, американски бизнис лидер и колекционер на уметнички дела. Инаку Каплан е приватен донатор на ALIPH, кој моментално е член на одборот на фондацијата.