Ванковска: Американските разузнавачи никогаш не донеле ништо добро на Балканот

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Бил Бернс вчера пристигна во Сараево, каде се очекува да се сретне со директорот на Разузнавачко-безбедносната агенција (ОСА) Алмир Џуво и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, јавија босанските медиуми.

Според неофицијални информации тој денес ќе го посети и Белград. За неговата „прошетка“ професорката Билјана Ванковска вели дека безбеносните службеници на САД никогаш не донеле нешто добро кога биле во посета на Балканот.

Ниту една посета на директорот на ЦИА во регионот или раздвиженоста на американските безбедносни служби во одбрана на “мирот и американските национални (!?) интереси” не донела добро за Балканот во изминатите 30-тина години. Не знам зошто сега тоа би било различно?!

Ваквиот надреден однос од страна на САД професорката го оцени како неоимперијалистички и колонијален, и констатираше дека во овој регион, наместо суверени политичари шефуваат странски амбасадори.

Ние сме тотална колонија. Дома ти шефуваат амбасадори, политичари си тераат башибозук затоа што се “гаранти на мирот и стабилноста”, а разузнавачи нѐ ораат како нива.