Жителите против асфалтна база во Визбегово со дозвола од Општина Чучер-Сандево
- Реакција на Левица-Чучер Сандево
Во изминатите два месеци изградбата на асфалтна база во индустриската зона Визбегово предизвика протести од страна на локалното население и останатитет стопанственици од индустриската зона кој сметаат дека изградбата на ваква постројка ќе предизвика штетни последици по здравјето на луѓето кој што живеат и работат во непосредна близина на асфалтната база.
Како инвеститор на асфалтната база се јавува градежната компанија Топ Билд која во 2023 година го купува плацот, додека на почетокот на оваа година добива одобрение за градба од страна на Општина Чучер-Сандево во чии територијални граници се наоѓа парцелата.
Во 2021 година градежната компанија Топ Билд својата асфалтна база сакала да ја изгради во Општина Кисела Вода во дворот на поранешната фабрика Стаклара но не добива дозвола од градот Скопје со образложение дека првите куќи се во непосредна близина на одалеченост од 150 до 200 метри и дека постоење на таква база може да предизвика сериозно нарушување на здравјето на луѓето. Во 2024 година компанијата Топ Билд добива дозвола од општината Чучер-Сандево за градба на својата асфалтна база во северниот дел на индустриската зона Визбегово каде одалеченоста на првите куќи е на 550 до 600 метри , каде во непосредна близина се наоѓаат центар за дијализа , хотел и други објекти во кој работат голем број на луѓе.
Следствено на ова неминовно се наметнува прашањето Зашто оваа база е штетна за жителите на општина Кисела Вода а не би била штетна за жителите на Визбегово и работниците во индустриската зона Визбегово ?
Пораките кој што ги испраќаат протестантите се дека :
- Aсфалтната база исфрла прашина до неколку километри и предизвикуваат тешки заболувања кај човекот како и загадување на животната средина.
- Општина не смее да даде одобрение за тешка индустрија во лесна индустриската зона како што е индустриската зона Визбегово.
- Фингирани податоци во елаборат кој е поднесен во министерството за животна средина.
Левица ги осудува двојните аршини на институциите во издавањето на дозволата за изградба на асфалтна база и јавно го прашува градоначалникот на општина Чучер Сандево, како е неважно здравјето на жителите на Визбегово споредбено со жителите на Кисела Вода?
Градоначалникот на Чучер Сандево треба да даде одговор дали во позадина на дозволата за асфалтна база постојат лукративни и коруптивни елементи?
Левица секогаш ќе ги брани правата на жителите на Чучер Сандево наспроти крупниот капитал!