АктуелноЛокално

(Видео) Пожар во Илинден предизвикан од далековод на ЕВН

  • Соопштение на Левица – ЛО Илинден

Во попладневните часови поради дефект на далекувод оддржуван од ЕВН беше предизвикан голем пожар во Бунарџик при што благодарение на брзата интервенција на локалните жители и локалното противпожарно друштво беше спречено да изгорат неколку куќи.

Лани летото имаше голема експлозија на далекуводот, оваа година дефект на истиот со силно зуење и голем пожар, па логично се запрашуваме на што се должи сево ова, дали енергетската инфраструктура е соодветно оддржувана од страна на ЕВН?

Истовремено, бидејќи на најблиската противпожарна служба и требаше повеќе од половина час да пристигне до Бунарџик, логично се поставува прашањето зошто ТИРЗ Бунарџик немаат своја противпожарна служба која освен во фабриките би можеле да интервенираат и во нивната близина каде што е самиот далекувод?

Укажуваме дека ЕВН, освен да врши наплата за потрошена електрична енергија, треба да врши соодветно оддржување на електричната преносна мрежа бидејќи два дефекта едно по друго на една иста мрежа укажува дека истата не е во состојба да пренесува електрична енергија на начин на кој безбедноста на локалните жители не би се ставила под знак прашање, а повеќе од потребно е во ТИРЗ Бунарџик да има посебна противпожарна служба која би интервенирала благовремено.

Фабриките во ТИРЗ Бунарџик бележат огромни профити, но по голема цена за локалните жители, прво патот до нивните домови беше и се уште е блокиран поради изградба на мост, за сега и нивните домови да бидат во опасност да изгорат во пожар предизвикан од електричната мрежа.

Како политичка партија укажуваме голема благодарност на локалните жители поради чија брза интервенција пожарот беше ставен под целосна контрола.