80 години македонска држава
Денес, пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, на 80 години од одржување на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, на кое беше конституирана и основана државата Македонија, делегација на #Левица составена од пратениците Борислав Крмов, Сашко Јанчев и членот на ЦК, Виторио Зафировски – положија свежо цвеќе во чест на македонските револуционери кои ги дадоа своите животи за создавање македонска држава и за слобода на македонскиот народ.
АСНОМ е круната на Народноослободителната борба во која македонскиот народ, следејќи ги илинденските борбени традиции од 1903, успеа да го оствари својот вековен сон за формирање на своја држава Македонија.
Споменот на двата Илиндена е жив кај македонскиот народ и тоа е водечкиот идеал на чиј основ македонскиот народ ќе си ја спаси и зачува Републиката.
АСНОМ ЖИВЕЕ! ДА НИ Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА!