АктуелноЛокално

80 години АСНОМ

По повод јубилејот 80 години од првото заседание на АСНОМ, делегација на Левица, предводена од претседателот на Партијата проф. д-р Димитар Апасиев, заедно со членовите на Президиумот – потпретседателот м- р Реџеп Исмаил-Хактан и генералниот секретар Јована Мојсоска положија цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот ,,Св. Прохор Пчински“(Р. Србија), каде е одржано и првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија.

🚩Идеалите и целите на Борбата за слобода и независност на македонскиот народ станаа реалност и темел на македонската државност со славната победа на Македонците во партизанската антифашистичка борба. Искуството од вековната борба на македонскиот народ покажува дека единствениот пат кон слобода и независност е преку борба во сојузот со сите угнетени народи на Балканот и ширум светот против канџите на империјализмот.

АСНОМ-ска Македонија е темелот на македонската државност. Во овие времиња на национална и социјална потиснатост на македонскиот народ, враќањето на АСНОМ-ските вредности и државнички принципи се клучни за повторно воспоставување на суверенитетот и независноста на македонската држава.

🇲🇰🚩Вечна слава на Илинден и АСНОМ!

Смрт на фашизмот – слобода за народот!