АктуелноЛокално

Крмов: Левица ќе ја достави интерпелацијата за спикерот Гаши

  • Изјава на Пратеникот од Редовите на Левица – Борислав КРМОВ за „Телевизија 24“ по однос на интерпелацијата која ја најави Партијата за собранискиот спикер Африм Гаши:

„Остануваме на ставот дека Левица ќе поднесе Интерпелација. Ќе ја поднесеме во прв момент кога ќе биде готова.

Нарушувањето на секуларноста во Собранието е само еден момент што на еден начин ја прели чашата, на прекршување на Уставот и законите од страна на спикерот Гаши! – Има барем 5-6 основи по коишто може да се бара интерпелација. Сите тие основи ќе бидат наведени во интерпелацијата и во првиот момент кога ќе биде готова ќе ја пуштиме.“