Левица: Членови на „За наше Куманово“ се пишуваат како Албанци заради вработување во Општината?

  • Реакција на Левица – ЛО Куманово

Партиската припадност се покажува како клучен елемент при вработувањето во Општината и јавните претпријатија, кое во својот прв мандат Максим Димитриевски го правеше во интерес на СДСМ, а денес го прави во интерес на за сопственото т.н. политичко движење „За наше Куманово“.

Имено, во јавноста протекоа одлуките за избор на кандидати за вработување во Општина Куманово, каде кандидатите, кои имаат македонски имиња и презимиња – МАКЕДОНЦИ СЕ ИЗЈАСНИЛЕ КАКО ЕТНИЧКИ АЛБАНЦИ, со цел да ги задоволат наметнатиот РАМКОВЕН балансер и бидат вработени во некое од одделенијата на Општината.

Според неофицијални извори дознаваме дека ваквите вработувања спроведени од градоначалникот Максим Димитриевски, се продолжување на праксата создадена со СДСМ за вработување на партиски членови во Општината, само што овој пат, се вработуваат активисти блиски до движењето кое тој го води „За наше Куманово“ и неговите коалициони партнери.

Интересно е да се напомене и феноменот дека изминатите години постојано се зголемува бројот на вработените во Општината, како и лицата кои работат со договор на дело, за што најголем дел од граѓаните сметаат дека ове е внесување на новата „партиска инсталација“ на градоначалникот Димитриевски, што дополнително го обременува буџетот и партизира општината.

Левица – ЛО Куманово ги повикува надлежните институции да го истражат случајот, затоа што ваквата политизација на општинскиот систем, не само што претставува грубо нарушување на етичките кодекси при вработување кое гради нефункционален општински систем, туку истото може да претставува класичен пример за злоупотреба на политичка функција.