АктуелноЛокално

Вицепремиерот на Мицкоски зборува само на албански или англиски

Вицепремиерот за политики и добро владеење Арбен Фетаи на новинарско прашање за оценките по првите денови од преземањето на функцијата, смета дека Стратегијата за борба против корупцијата не е спроведена и изрази сомнеж дека тоа е заради спрега помеѓу функционери и бизнис секторот.

Слушнавме за заклучоците од извештајот на ДКСК, знаеме дека Стратегијата за борба против корупција не е спроведена. Тоа е резултат на недостиг на политичка волја. Имаме добри стратегии, добри закони на хартија, но кога станува збор за спроведувањето, претходната Влада едноставно не била заинтересирана. Тоа е заради нивни сопствени судири на интереси и нивни сопствени бизниси во институциите, рече Фетаи.

Вицепремиерот Фетаи по посетата на Гостивар и неговото прво појавување во јавноста даде изјави на албански и на англиски јазик, бидејќи како што рече на македонски не можел да се изрази. Двојазичноста, која изминативе години ДПМНЕ и СДСМ ја спроведуваа во коалиција со ДУИ почнува да го наплаќа цехот, општеството станува се повеќе поделено, а луѓето кои со генерации претходно живееле во Македонија, не го знаат македонскиот јазик. За жал, наместо оваа состојба да се превенира, балистичката политика која ја спроведува ДПМНЕ во оваа влада, само ќе го продлабочи јазот!

На посетата тој зборуваше и за приоритетите кои ќе ги определи со неговиот тим и се фокусирани на три правци.