Ванковска: Ниту еден претседателски кандидат не го осуди геноцидот во Газа

Антивладиното расположение е очигледно. Левица во овој историски момент, ако прерасне во еден значаен политички фактор, зборувајќи за парламентарните избори, тие ќе ја одиграат улогата на “мрачна кочница“. Кога ќе почнат да забегуваат овие со меѓусебните договарања, многу е важно да се има еден фактор што ќе ја дигне рачната кочница и ќе рече стоп! Верувам во оваа екипа. Јас не сакам да бидам кандидат на ниту една друга партија, вели Билјана Ванковска.

-Мојата етика секогаш ме тера да се ставам на страна на оние што се најнејаки, како што се случувањата во Газа) Гласна сум. Пишувам. Сега Израел е пред меѓународниот суд на правда. Зошто кај нас, ниеден претседателски кандидат не го осуди геноцидот во Газа? За ЕУ, мислам дека во моментов е на најниските гранки од своето постоење, со тоа што стана обичен привезок на НАТО. Така да, ЕУ не е онаа за која ние аплициравме..  Јас во својата програма сум за раскинување на Бугарскиот и за Преспанскиот договор. Постојат начини, и мислам дека ако останеме со нив, од нас нема ништо да остане…Тука го вклучувам и Охридскиот договор, кој ја донесе оваа ситуација на бинационална држава и практично на племенски односи на водачи.

Кандидатката за претседател од редовите на Левица, гостуваше во поткастот на Лазаров, каде посочи и дека натпреварот на домашните политичари кој ќе биде повеќе поддржан од странските партнери е погубен за земјата.

-Во однос на Законот за рестриктивни мерки, кој сега се тепаат кој повеќе да го поддржи, за стратешките сојузници да ги поддржеле, е катастрофа! Тоа е давање на правниот суверенитет на државата во рацете на туѓи држави. Тие да ви одлучуваат кој е подобен, а кој не е?… Ни наметнуваат еден менталитет на студена војна. Или си со нас, или против нас. Македонија мора да си ги гледа своите национални интереси. Значи, ние сме колонија на САД. Мојата позиција е таква. А таа е и на Левица.

-Јас гледам една линија на ерозија на државноста, на македонскиот идентитет и ерозија на чувството на припадност, дури и наметнување на чувство на вина ако кажете дека сте Македонец… И што е најлошо, никогаш не сме биле во полоша ситуација под сопствена власт. Ние си страдаме од своите.. 

-Јас сум свесна дека овој претседателски и парламентарен изборен процес се одвива под еден тежок облак на полузаконитост и полулегалност. Почнувајќи од тоа дека еден од кандидатите за Претседател на Републиката отиде во странство да дели пасоши по брза постапка на делови од дијаспората.Меѓутоа, ние ќе се бориме! Јас ќе се борам најдобро што можам! И ако се осмелат било што да прават, правно ќе реагираме, ќе мобилизираме. Така што може како бумеранг да им се врати”. – истакна во своето гостување проф. Ванковска.

Целото интервју погледнете го во видеото: