Исмаил: Нема енергетска независност дури не се одземат хидроцентралите на вашиот лидер Мицкоски
- Говорот на Пратеникот од редовите на Левица – Реџеп Исмаил – ХАКТАН, по однос на измените во Законот за енергетика:
„За да има енергетска независност, треба да се одземат хидроцентралите на вашиот лидер – од приватни во државни раце. Е, тогаш ќе има енергетска независност!
Во Законот за миниерални суровини, на пример, немате предвидено почетна минимална цена за издавање на концесии. Ова не само што отвора голем простор за корупција, туку отвора и голем простор за политички договори, во овој случај партиски, односно вмровски, со странскиот капитал.
И да ве прашам: Ако вака го соголивте Министерството за економија, која е целта тоа да постои? Или, пак, тоа Министерството постои само за да го дели трудот на работниците на странскиот капитал за без пари!? – Само заради тоа ли ќе постои тоа Министерство?
Лажете дека ќе има енергетска независност! Како? – Со тоа што ќе ги дадете потенцијалите на државата на приватен странски капитал или на домашни капиталисти, како што е, во суштина, премиерот на вашата држава и ред други ваши колеги тука?
Значи, нема енергетска независност додека енергетските капацитети не дојдат во државни раце!“