Левица-Аеродром: Обезглавена Општина

  • Реакција на Левица-Аеродром

Додека екс-градоначалникот Тимчо Муцунски едвај чекаше да се откачи од градоначалничката функција и да почне да се шета по светот, проблемите на жителите од општина Аеродром не престануваат да се зголемуваат.

Минатата ноќ аеродромци беа сведоци на енормно загадување кое беше предизвикано од палењето на дивата депонија „Вардариште“ во општина Гази Баба. И покрај високите температури жителите мораа да спијат со затворени прозорци поради неподносливиот чад и смрдеа кои се ширеа од „Вардариште“. И покрај безбројте реакции на граѓаните, општината денеска остана нема за проблемот со загадувањето кое се случува во најтоплите денови од летото.

Левица прашува:

Има ли некој кој ќе им објасни на граѓаните зошто овој проблем не е решен и покрај две и пол годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ со двете општини, па и со град Скопје?

Дали со заминувањето на Тимчо Муцунски од градоначалничкото место, општина Аеродром остана без кормилар кој ќе го управува бродот, кој и онака тоне…

За Левица примарен приоритет е решавање на овој проблем со дислокација на „Вардариште“ во соработка со општина Гази Баба со што ќе се реши деценискиот проблем на жителите на општина Аеродром.