Левица му го врати ликот на петтото детско катче во Аеродром
- Соопштение на Левица-Аеродром
Левица – Аеродром деновиве го обнови петтото по ред детско игралиште. Со тоа уште едно руинирано детско катче си ја поврати функцијата, да им служи и да ги радува децата.
Активистите на Левица – Аеродром започнаа да ги обновуваат детските игралишта низ Аеродром по бројни поплаки и барања од жителите до општината. Но, доскорешниот градоначалник, а сега министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски немаше ниту слух ниту интерес за најмалите.
Она што е работа на општината, а за кое граѓаните редовно плаќаат, да биде направено, поправено и во функција активистите на Левица го вршат по сопствена добра волја и без скоро никакви средства.
Левица е од народот и пред се’ за народот!