Запуштени паркови и девастирани детски игралишта

  • Реакција на Левица-Кисела вода

По барање на граѓани од населба Усје, советници од Левица Кисела Вода излегоа на терен и ја согледаа состојбата во која се наоѓаат детското игралиште и паркот во населба Усје. Игралиштето за деца и паркот не се одржувани од нивното создавање, поради тоа, активисти на Левица од Кисела Вода излегоа на терен и макотрпно работеа неколку часа за истото да го искосат и доведат во состојба за користиње.

Градоначалнику! Орце Ѓорѓиевски, ова е ваша обврска за која граѓаните издвојуваат средства за да се изградат паркови и игралишта, ваше е само да ги одржувате, впрочем за тоа и ве плаќаат.

Воедно на истото игралиште постои и чешма за вода која не е функционална, а се потрешни народни пари за да се донесе водовод до ова игралиште.