АктуелноИнтернационално

Изложба за римската историја на Скупи во Србија

Во четврток, 4 јули со почеток од 18 часот во атриумот на Народниот музеј на Србија ке биде отворена изложбата “Една слика на темната страна на римската историја- Скупи масовна гробница” како резултат на континуирана меѓуинституционална соработка, со Музејот на град Скопје.

Изложбата претставува мултимедијална презентација на едно извонредно и необично откритие, масовна гробница со околу двесте закопани поединци. Масовната гробница е откриена во југоисточната некропола Скупи, најголемиот римски град во Република Македонија, единствен со статус на колонија, а воедно и еден од најголемите римски градови на Балканот.

Истрагата на гробот со масовно погребување и реализацијата на изложбата е резултат на сеопфатната работа на мултидисциплинарен тим од Музејот на град Скопје, Археолошкиот музеј на Македонија и Институтот за судска медицина, криминалистика и медицина, Стоматологија. Поради паралелната примена на археологијата, физичката и форензичката антропологија, досега невиденото истражување претставува пионерски потфат во нашиот регион. Од друга страна, мултимедијалниот пристап во реализацијата на изложбата со примена на повеќе класични и современи уметнички дисциплини претставува и новина во македонската музеологија, особено кога станува збор за презентација на археолошки откритија.

Сите заинтересирани посетители ќе имаат можност да ја погледнат изложбата во Малата галерија на Народниот музеј на Србија до 11 септември 2024 година.