Додека градоначалникот Трајковски ужива во убавините на Женевското езеро жителите на с.Ѕвегор живеат во пекол без основни услови за живот.
- Реакција на Левица-Делчево
Градоначалникот Горан Трајковски од редовите на СДС ги живее своите најубави моменти од градоначалничката функција, па нормално е кога е така да заборави на секојдневните проблеми со кои се соочуваат жителите на с.Ѕвегор кои поради “ажурноста” на фирмите изведувачи (со прекршени рокови за изградба и неквалитетна изведба на самиот водовод) се директни виновници за оваа агонија на жителите на Ѕвегор. Горан Трајковски и општинските служби одговорни за квалитетот и брзината на изведбата едноставно кренаа рака и покажуваат ароганција.
Доградбата и реконструкцијата на овој водовод е донација од Швајцарија, сепак целата постапка и изведба е сомнителна и доведува до сомнеж на злоупотреба на огромни суми на пари.
Левица-Делчево побара од општинската администрација да ги добие документите за изградбата но добивме “насоки” сето тоа да го побараме на друга адреса, па затоа во наредниов период документи ќе бидат побарани не само од општината туку ќе бидат запознаени и други институции кои треба да направат целосна проверка на овој случај и доколку постои прекршување и незаконско работење сите инволвирани во овој случај ќе претрпат правни последици .