Левица: Во Македонија средно образование за акушерка може да се учи само на албански

  • Реакција на Левица- Здравствен сектор

Во претстојната 2023/24 година во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ нема да има настава за акушерки на официјалниот државен македонски јазик. Распишан е конкурс за акушерки само на албански наствен јазик.

Во време кога медицинскиот персонал масовно се иселува од државата, се соочуваме со историски невиден дефицит на стручен медицински кадар, недостасуваат акушерки во речиси сите градови на Република Македонија, Министерството за образование носи скандалозна одлука според која акушерки на македонски наставен јазик не треба да се образуваат.

Го осудуваме овој политички и националистички чин на Министерството за образование и директорката на медицинското училиште Маја Салиу. Левица го поддржуваме барањето на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки и апелираме да се искористат сите правни механизми за овозможување на настава на македонски јазик за акушерки во СМУГС ,,Д-р Панче Караѓозов.

Потсетуваме дека во услови кога болниците кубурат со медицински кадар, а особено со сестри-акушерки распадот во образованиот систем уште повеќе го поткопа распадот во македонското јавно здравство.

Не може да дозволиме етнотрибализмот да го оневозможува образованието на македонски јазик на сметка на национал-шофинистичкото заситување на апетитите на ДУИ и СДС!