Државата оставена со застарена противпожана техника и без пилоти за канадерите
- Реакција на Политичката партија Левица
Во време на високи температури и метеоролошки предупредување за исклучително топло и суво лето, опасноста од појава на пожари во македонските шуми и планини е огромна. Македонија и ова лето сe соочува со недоволен број на пожарникари, застарени возила и неупотреблива техника за справување со пожари.
Дополнителен застрашувачки проблем што се наметнува како згора на овие скромни ресурси за борба против пожари е недостатокот на пилоти за трите Канадери кои беа на одржување во Шпанија. Односно, од три пилоти за канадерите останат е само еден, а според правилата за ЦВП, со еден пилот не може да се добие дозвола за летање.
Заштитата на граѓаните од пожари која треба да ја обезбеди државата е на исклучително ниско ниво! Просечната старост на сегашната опрема изнесува 35.6 години, што е доказ дека во заедничкото владеење на ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ изминативе повеќе од триесет години, воопшто не е вложено во оваа сфера.
Затоа, Левица бара итно да се преземат превентивни мерки против појава на пожари! Дополнително бараме итно обновување на севкупната опрема потребна на противпожарните служби и исполнува потребните минимумални стандарди, како и надоместување на неопходниот број на пожарникари, со цел постигнување на целосна оперативна подготвеност и територијална покриеност.
![May be an image of helicopter and text](https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/448931919_1044992933650437_3284380272191665807_n.jpg?stp=dst-jpg_s600x600&_nc_cat=102&ccb=1-7&_nc_sid=833d8c&_nc_ohc=QpMr6cJlhi4Q7kNvgEAtjs_&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AYCOVUtCKNSUvaNeFvbAa2WCQqFDgg3fLz3VBuQu8CYx0w&oe=668066C4)
All reactions:
5151