АктуелноЛокално

Мециновиќ: Во оваа Влада има претставници на сите претходни режими

  • Секвенци од говорот на пратеникот од #Левица – Амар МЕЦИНОВИЌ на пленарната Седница за избор на нова Влада:

– Ние тоа што го поимаме како заболено ткиво што го распарчува нашето општество, вие го гледате како рај. Тој рај се состои во вашата Влада. Вие знаете дека најдобро ќе владеете ако ги инкорпорирате сите елементи на сите претходни РЕЖИМИ во вашето владеење.

Затоа, имаме министер од Владата на Заев, тоа е Таравари. Во еден момент беше најлош министер за вас, сега не е. Колешката Дафина кажа што е разликата: „Разликата е сега Мицковски е премиер“. Тоа значи, кога вмровец е премиер, тогаш корупцијата и криминалот, дали ќе се случуваат, не ви е битно. Затоа имате луѓе од владата на Заев, имате министри од режимот на Груевски, имате луѓе од времето на Црвенковски. И најпосле, имате и од бугарашкото време на Љубчо Георгиевски.

Знаете дека системот најсуштински се храни преку НЕКАЗНИВОСТА! Знаете дека и вас СДСМ ве врати од мртвите и ве аболицираше од вашите криминали. И така претходно, и така пред тоа, и така веројатно и покрај препукувањата со СДСМ, сите тие што се огрешиле пред народот, нема да стигнат до казна за време на вашето владеење.

Понатака, во светски контекст Европа станува пополаризирана. Едната страна сака да продолжи војната, другата страна сака мир и преговори за мир. Јас се надевам дека нашата Влада ќе застане на страната на мирот. И затоа на крај, затоа што македонскиот народ секогаш бил на вистинската страна, особено во контекстот на Втората светска војна, а посебно потоа со егзодусот во Грција може да се направи паралела и затоа ве молам признајте ја Палестина.“