Членството на СДСМ се намали за трипати во рок од 3 години
За учество на внатрепартиските избори за нов лидер на СДСМ се пријавиле околу 23 илјади членови, што е значително помалку во споредба со претходните избори.
За споредба, во 2021 година при изборот на Зоран Заев како единствен кандидат, беа регистрирани речиси 69 илјади членови, додека за следните избори се пријавиле 51.228 членови, а сега само 23.000 што е намалување за трипати.
Овој пад во бројот на активни членови кои сакаат да учествуваат во одлучувањето за партиско раководство сведочи за намалена заинтересираност и катастрофалните резултати и политики на партијата на скорешните избори.