АктуелноЛокално

Јанчев: Лага е дека ДПМНЕ ќе го раскине договорот со Бехтел и Енка

  • Реплика на пратеникот Сашко ЈАНЧЕВ – на денешната пленарна Седница за избор на нова Влада по однос на ставот на ДПМНЕ за договорот со ‘Бехтел и Енка’:

„Знаеме дека Бехтел после секоја империјална инвазија навлегува навлегува на новн-оосвоените територии и собира воен плен. Тоа ни се деси и нас по капитулацијата со Договорот за добрососедство и Преспански! – И договорот со Бехтел е штетен. Тоа нема дилема! – Ефектите на терен ги има, оштетени се куќи кај Прилеп, оштетени цркви, загадени извори на водо, ендемичен вид на пеперутки Таму каде што треба да се копа тампон се копа мермер, има ваги за продавање и т.н.

Тоа што не е јасно на јавноста е постојаното ретерирање на ДПМНЕ по ова прашање. Пред година дена пред избори бевте многу ‘ратоборни’: го добивавте договорот од свиркачи, баравте обвинителство да реагира, дававте споредби со србија за исти делници и се создаваше слика како че се смени власта дека тоа ќе се расчисти веднаш, за месец дена пред избори да се смени плочата.

Сега, неам таква ратоборност, сега ‘ќе се репреговарало’, за да не сеплаќало штети, иако, тоа со штетата е жива глупост. За сега да добиеме програма во која нема ниту Р од репреговарање. Имаме, зборовикако „оптимизација, рационализација на трошоци. рокови, динамики за изградба“ дури пред овие зборови се користи синтагма сериозни чекори. Врска нема!

(…) Ако се има предвид дека се крие извештајот, мене јасно ми е дека ќе свиткате џам под вода по ова прашање и дека си легнавте на брашното! – Но, сакам да кажете конкретно што ќе правите по однос на коридерите 8 и 10Д, тука од гворница, за да ве има во архива?“