Над 6,000 работници од Македонија добиле работни дозволи во Словенија во 2023 година
Ужасните услови за работиа и ниските плати се уште се главна причина за иселување на таботниците од државата. Овој тренд веќе со децении не запира, а Словенија е честа дестинација за работниците од Македонија.
На 6,943 македонски граѓани им биле издадени или продолжени дозволите за престој и работа во 2023 во Словенија, посочија од тамошното Министерство за внатрешни работи за порталот Работник. Од 1 јануари до 31 мај оваа година пак, нови работни дозволи или продолжување на истите добиле 2,585 граѓани.
Словенија е една од земјите која македонските граѓани често ја избираат за работа, постојана и сезонска, но сепак примарни дестинации остануваат Германија, во најголем дел за постојана работа, а Хрватска и Италија за сезонска.
Освен за работниците, Словенија е најпримамлива за македонските студенти кои во се поголем број се запишуваат на студии таму.