Баздникин: Русија e во првите редови на борбата за поправеден мултиполарен свет
- На 11 јуни на државен прием поповод Денот на Русија во Скопје, на гостите им се обрати Амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин. Во прилог ви го пренесуваме неговиот говор:
Срдечно ве поздравувам на приемот по повод државниот празник – Денот на Русија, кој се слави на 12 јуни, на годишнината од усвојувањето во 1990 година на Декларацијата за државен суверенитет.
На овој ден ја чествуваме нашата татковина – Русија, во која имавме среќа да се родиме, со која искрено се гордееме и која многу ја сакаме.
Нашето главно богатство се луѓето. И нашето општество добро знае дека залогот за светла иднина лежи во силна и просперитетна земја. Во земја каде што уникатната различност на луѓето е сигурно заштитена, каде принципите на патриотизмот претпазливо се пренесуваат на помладите генерации, каде независноста и суверенитетот се бранат по секоја цена.
Сето ова е актуелно сега, кога Русија повторно – како што се случило повеќе од еднаш во нејзината богата и славна историја – се соочува со беспрецедентни закани за нејзината безбедност. „Колективниот Запад“ на чело со САД, опиен од желбата да „се израмни“ со Русија на сметка на Украина, продолжува да го пумпа режимот во Киев со сè поуништувачки и со долг дострел видови оружје.
Во последните денови сè почесто се слушаат гласови кои повикуваат за удари подлабоко на руската територија. Западот не е заинтересиран да стави крај на конфликтот што ние не го започнавме – како што нагласи Претседателот Владимир Путин на 5 јуни на состанокот со шефовите на водечките светски новински агенции, „војната започна во 2014 година по државен удар и обиди да ги скрши оние што не се согласни… со помош на топови“.
Меѓутоа, оние кои сега излегуваат со луди пароли за нанесување на „стратешки пораз“ на Русија мора конечно да сфатат дека без разлика кој ѝ jа заканува нашата земја, без разлика под какви знамења или имиња напаѓачи jа загрозуваат нашата територија, резултатот секогаш ќе биде истиот – на крајот сите ги чека неизбежна победа на Русија, кована со воениот подвиг на нејзините војници, кои се сеопфатно поддржани од целиот наш народ.
Мора уште еднаш да го повторам објаснувањето за тоа што се случува. Настаните што се развиваат денес околу Украина имаат една причина – САД на чело на „колективниот Запад“, се желни да се држат за брзо лизгачката хегемонија на меѓународната сцена, поддржувајќи се во тоа со сè поголема доза на лаги, лицемерие и омраза. Оттука и утописките обиди да jа „откаже“ Русија а, всушност, сè што е руско.
Тие сакаа да не скршат со санкции – не успеа. Сакаа да не потиснат со оружје испорачано до Украина – и повторно фијаско. Ова е доказ за агонијата на „поредокот заснован на правила“ што САД се обидуваат дрско да им го наметнат на другите земји со измама или со сила. Ова нема да го дозволиме. Тие нема да можат да воспостават диктатура на една или неколку земји над секој и сè. Светот е многу поразновиден од западната цивилизација. Ова е јасно потврдено со денешното присуство тука на амбасадори на државите од Светското мнозинство – искрено ми е драго да ги гледам моите почитувани колеги.
Русија се наоѓа во првите редови на борбата за поправеден мултиполарен свет, каде што се почитуваат интересите на други земји – без разлика на големина на територија, обем на бруто-домашен производ или достапност на модерно оружје. Ние се залагаме за градење меѓудржавни односи врз принципите на меѓународното право во целост и меѓусебна поврзаност, за обновување на архитектурата на глобалната – еднаква и неделива – безбедност.
Затоа, на фронтовите на специјалната воена операција, нашите војници се борат за судбина не само на Русија, туку и на сите земји кои во секој момент можат да се соочат со нелегитимните методи на САД и нивните сателити – санкции, разни видови уцени, закани за безбедност. Тие загинуваат за да може светот да застане на поцврста основа на вистинска рамноправност на држави, така што на неказнивоста на САД за нивните авантури низ светот ќе ѝ дојде крајот…
Се разбира, ќе биде токму вака – и никако поинаку. Победата ќе биде наша. Залогот за ова е рускиот карактер – познат на многумина – на кој се потпираме и кој е услов – доволен – за конечна победа, – за ова зборуваше Претседателот Владимир Путин на 7 јуни на Пленарниот состанок на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
Тоа многу добро го знаеме – се надеваме дека свесност на ова порано или подоцна ќе дојде кај сите, вклучително и во Скопје. Ќе забележам – секогаш – колку побрзо, толку подобро.
Почитувани дами и господа,
Многубројното присуство тука на нашите искрени македонски пријатели е потврда дека обидите за изолација на нашата земја пропаднаа. Добро знаеме дека братските руски и македонски народи ги обединува вековните врски на пријателство и меѓусебно почитување. Заедничката православна вера, духовното и културното сродство, словенските корени сочинуваат – без разлика како некој се обидува да ги натера Македонците да го заборават ова – силна – трајна – основа на овие повеќеслојни врски. Чувствуваме акцентирано пријателско расположение и симпатии кон Русија буквално на секој чекор, искрено сме благодарни за таквото однесување.
Сигурен сум дека тоа може да стане основа за обновување на врските кога за тоа ќе се појават благопријатни услови. Од нашата страна сме отворени за дијалог – но под еднакви услови, почитувајќи ги меѓусебните интереси.
Русија е огромна, мултинационална, мултиконфесионална, уникатна земја со најбогатиот потенцијал – пред сè – човечки, но и ресурсен, технолошки, деловен. Како потврда на ова, ви претставуваме изложба на фотографии посветени на достигнувањата на Русија, спомениците на нејзината култура и архитектура, уметноста и народното творештво и на извонредните личности – поетот Александар Пушкин и хемичарот Дмитриj Менделеев – чии годишнини ги славиме оваа година – големи сонародници кои дадоа фундаментален придонес во развојот на не само руските, туку и светските литература и наука.
Посебна благодарност до дуетот на Ана и Александар Коловски, кои ќе изведат широк репертоар на познати руски и советски музички дела посветени на различни настани во историјата на нашата земја, како и сопствена композиција – на акордеон, најблиската „роднина“ на рускиот народен инструмент – баjан.
Позадината музика на почетокот на вечерта и за време на нивната пауза ја сочинуваат дела на рускиот композитор, еден од основоположниците на руската традиција на класична музика, Михаил Глинка, 220-годишнината од чие раѓање ја славиме годинава. Експертите тврдат дека Пушкин и Глинка – цитирам – „создале нов руски јазик – едниот во поезијата, другиот во музиката“.
Во Русија празникот е придружен со јадењата од руската кујна – позната „Руска салата“ – на нашиот начин, – пирошки со два вида филови и мезе со харинга на црн леб – патем, многу е соодветно откако ќе се испие традиционалниот руски пијалок – ги подготви тимот на готвачи на хотелот „Marriott“ под општо водство на г-н Кирил Ставрев и на готвачот на Амбасадата г-ѓа Жана Мухаметзјанова – посебна благодарност за ова. Се разбира не станува збор за ширење на руското влијание – туку едноставно ви даваме можност да уживате во кулинарското задоволство.
Уште еднаш ви благодарам на сите за присуството. Ви посакувам пријатна вечер.
Среќен празник – честит Денот на Русија!
Ви благодарам за вниманието.