Петков: Ковачевски прифати Бугарите да бидат вклучени во македонскиот Устав
Бугарскиот премиер Кирил Петков имаше обраќањето пред пратениците во парламентот за досегашните достигнување во преговорите помеѓу Бугарија и Македонија.
Една од главните теми на која поентираше бугарскиот премиер пред пратениците беше внесувањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија. Тој кажа дека премиерот Ковачевски се согласил на ова и дека реализацијата е прашање на време.
„Ковачевски рече дека не гледа проблем со вклучувањето на Бугарите од РСМ во нивниот Устав. Не се обврза со временски рок. Веќе не зборуваме за пет плус еден, туку за четири плус еден. Тоа само по себе е напредок. Ковачевски рече дека Бугарите ќе влезат во Уставот исто како и Албанците. Во моментов разговараме за рокот и ова е дел од дискусиите.“
Премиерот Кирил Петков зборуваше за позицијата на ЕУ по однос на оваа тема, истакнувајќи дека партнерите од ЕУ имаат разбирање кон ова прашање, кон дискриминацијата на македонските граѓани со бугарски идентитет како и за говорот на омраза од Македонците кон Бугарија.
Видовме дека кога станува збор за ова, Европејците почнуваат да не разбираат. Сакаме овие заеднички принципи да ги почитуваат сите, вклучително и земјите кои сакаат да станат членки на унијата. Да ја отстраниме дискриминацијата како европски принцип кон Бугарите кои се во РСМ.
Петков дополни дека на секои седум дена се организира датум за состаноци, и дека го радува фактот што заедничката историска комисија ќе има три состаноци во наредните месеци.
„Историската комисија веќе има подготвени текстови. Решивме да видиме кои се точките и аргументите кои историската комисија веќе ги договори. Навистина ве уверувам дека таму нема да ги менуваме луѓето, бидејќи мислам дека добро си ја вршат работата. Има напредок во Историската комисија, ќе го искористиме и ќе го официјализираме.“
Зборувајки за работата на Комисијата бугарскиот премиер рече дека се македонските власти се согласиле и тие подготвуваат заедничка прослава по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, која ќе се одржи на 4-ти февруари.