Исмаил: Гаши и Мицковски преку ноќ ги менуваат материјалите за собраниската Седница

Пратеникот во Собранието на Република Македонија, Реџеп Исмаил – Хактан, на социјалните мрежи спотели фотографија од известувањата кои ги добиваат пратениците од Претседателот на Собранието, каде новиот спикер избран од ДПМНЕ заедно со мандатарот Мицкоски го прершуваат деловникот.

Е, новиот спикер и мандатарот вака се однесуваат кон пратениците кои добиле легитимитет да преставуваат народна волја во Собранието!

Пратеникот Исмаил сподели дека во текот на ноќта се менуваат материјалите за Седницата, за кој, како што вели ниту самиот Спикер го нема прочитано и слично како што работеа Талад Џафери и СДСМ, неделовнички и противправно, ДПМНЕ со спикерот кој се идентификува како Косовец, ја продолжува оваа пракса.

„Нит деловник запазуваат ниту пак покажуваат минимум обид за да се задржи каков-таков морално-етички интегритет, нит бутур, не вртат никого ни 2%. Си закажуваат седници од вечер за утре сабајле. Во текот на ноќта го менуваат материјалот, нешто као поправаат – а никој, па ни спикерот, го нема прочитано предлогот, важно задкулисно, Мандатарот и Спикерот, во стилот на “ти мене војводо ја тебе сердаре”, си договараат брза постапка, без расправа, без анализа, без стручни мислења, носење на закон кој се занимава со една таква сериозна материја – организацијата на извршната власт!“ – напиша Хактан на социјалните мрежи.