Апасиев: Југославија го обели образот на Европа
Во интервјуто за „Слободен печат”, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, зборуваше за степенот на развој на индустријата во поранешната СФРЈ Југославија, споредено со останатите земји од светот. Тој потсети дека во периодот на социјалистичкото уредување, земјата беше чекор пред најголем дел од европските држави.
„Значи, тоа е една нација во подем (Кина), цивилизација во подем, којашто на времето доаѓала да учи од Југославија. Кога летале авиони, (гледате документарци во Кина!), Југославија ја перципирале како напредна земја, а тие тогаш биле третиот свет.
Според Апасиев, поради своите постапки и успеси, како во надворешната политика, така и внатре, Југославија го обели образот на Европа.
„Буквално, Југославија пред светот го обели образот. Затоа што тие луѓе не се плашеа да мислат на големо, не да мислат на тендери, не да мислат на вработувања, на швалерки… Тие мислеа на идеи”, рече Апасиев.
На крајот од излагањето, тој потсети на индустриските успеси кои ги достигна оваа земја и нејзината способност за произвотство, која по одредени параметри беше над европските земји.
„Сега во третиот свет, во Кина, во Азија, во Африка кога ќе кажете Југославија, ви текнува на ,Томос – моторчиња’ во Африка и на ,Тома Винковиќ – трактори’ во Индија, на црнци кои студираат во Белград… Немало нешто што не се произведува во Југославија, буквално, од игла до локомотива. Па не одете подалеку, во Скопје автобуси сме произведувале, сега не можеме да си ги купиме! Значи, тоа било држава по сите нишани”, додава Апасиев.