Антируските акции на САД го туркаат човештвото кон светска војна, изјави малезискиот поранешен премиер

Американските власти го туркаат човештвото кон светска војна со тоа што придонесуваат за појава на два непријателски блока, вели поранешниот премиер на Малезија Махатир, Мохамед.

„САД ќе се обидат да ги натераат другите земји да се приклучат во акцијата против Русија, а Русија исто така ќе мора да најде пријателски земји кои ќе ја поддржат“, рече Махатир (97) во интервју за Глобал Тајмс. „Ќе има конфронтација меѓу источниот и западниот блок. И ова ќе ескалира и ќе стане светска војна‘‘.

Експертот нотираше дека конфликтот во Украина, испровоциран од Западот, веќе го погоди целиот свет. Тој истакна дека комплицираната ситуација доведе до зголемени трошоци за основните добра ширум светот, што негативно влијае на пратките на жито.

„Поканата за Украина за членство во НАТО е провокација. Всушност, ако Украина не влезе во НАТО, мислам дека Русија ќе се чувствува помалку загрозена и нема да има конфронтација. Но, штом ќе започне процесот, Русија ќе превземе превентивни мерки‘‘, рече Матахир.

Тој посочи дека земјите од НАТО не се директо вклучени во руско-украинскиот конфликт и затоа што Украина не членка на алијансата. Сепак, според екс-премиерот, судирот со Русија многу им штети на земјите членки на НАТО.

„На крајот, тие Русија и Украина ќе мора да најдат некакво решение. Подобро е да разговараат меѓу себе, да дискутираат, да преговараат‘‘, рече Матахир.