АктуелноЛокално

(Видео) Левица: 366 илјади евра за патни трошоци за пратениците од ДПМНЕ-СДС и ДУИ

  • Реакција на политичката партија Левица

Пратениците на широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ како и „Албанската опозиција“ само во 2023 година сложно имаат украдено од народниот буџет 366 ИЛЈАДИ ЕВРА во име на фамозните „патни трошоци“.

Наспроти нив, пратениците од редовите на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев, во својот мандат заедно имаат земено 0 ДЕНАРИ за патни трошоци.

,,На вакви плати нема никаков основ да се исплаќаат средства за патни трошоци. Тоа е и програмска заложба на Левица – патните трошоци да бидат укинати”, изјави пратеникот Борислав Крмов за ТВ Стар.

 За потсетување, Левица уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци на „народните избраници“. Овој предлог – закон беше експресно одбиен од страна на широката коалиција ДПМНЕ-СДС.

Пратениците на Левица најавуваат дека и во овој мандат нема да земат ниту денар за патни трошоци.