АктуелноИнтернационалноНастани

Се водат улични борби во Волчанск, Украинците се немоќни пред рускиот напад

Руските сили отворија силен оган врз пограничниот град Волчанск во северна Украина. Москва во моментов комбинира воздушни напади, тешка артилерија, пешадија и беспилотни летала.

Снимката на Скај њуз покажува повеќе руски војници во градот, само три дена откако Русија започна ненадеен напад преку границата во украинскиот регион околу градот Харков.

– Тие напредуваат во станбениот дел на Вовчанск (Волчанск на руски) и упаѓаат во туѓи куќи. Ова е само првиот бран. Ја тестираат нашата одбрана, кога целосно ќе влезат во градот и резервите ќе дојдат – изјави за Скај њуз Денис, командант на украинската извидничка единица.

– Градот не беше подготвен за ова бомбардирање, ако почнат да удираат со наведувани бомби – ова ќе биде масовна гробница – вели тој.

Како што пишува Скај њуз, Денис јасно ја изразува својата фрустрација поради, како што смета, неуспехот на Украина подобро да ја обезбеди одбраната на североисточната граница со Русија со мини и утврдени сили.