Фабриката Москвич започна со целосна роботизација на производството
Фабриката Москвич во Москва, започна производство на автомобили со употреба на технологија за целосен циклус. Ова го соопштија московскиот градоначалник Сергеј Собјанин и генералниот директор на ПАО „КамАЗ“ Сергеј Когогин.
„Москвич продолжува да се развива. Сега е инсталирана модерна роботска линија за заварување, па се префрламе на целосниот технолошки циклус на склопување автомобили, можеби прв во земјата меѓу оние фабрики коишто прекинаа со работа по воведувањето санкции“ истакна директорот на фабриката.
Роботизацијата е воведена во голем дел од процесот на производство, а крајна цел на фабриката е целосна роботизација на производството на автомобиле, каде продуктот ќе биде прилагоден на временските услови во Русија.
„Покрај заварувањето, ќе има бојадисување на каросеријата и – исто така веројатно за прв пат во Русија – засилена антикорозивна обвивка на каросеријата, земајќи ги предвид нашите климатски услови. Па, тогаш, се разбира, ќе ја продлабочиме локализацијата и што е најважно, ќе создадеме сопствен автомобил“, рече Сергеј Собјанин.
Благодарение на локализацијата на процесите за заварување, боење, склопување и контрола на квалитетот, уделот на производствените операции во Русија се зголеми за 18 пати. Сега, наместо околу 50 компоненти, повеќе од 900 делови се користат за склопување на готови автомобили.
„Денес, автомобилите што се испорачуваат често делумно одговараат на нашите климатски услови. Во овој автомобил, сите овие проблеми ги решаваме со засилен антикорозивен слој, подобрувајќи ја неговата способност да работи во услови на ниска температура. Уверен сум дека програмата за локализација што ја наведовме ќе се спроведе во целост“, рече Сергеј Когогин.
Преминот кон технологија на производство со целосен циклус ќе ги намали логистичките трошоци на претпријатието до 25 проценти. Ова ќе се случи со оптимизирање на зафатеноста на возилата.