По лошо водената одбрана, Киев го разреши командантот на силите во регионот на Харков

Украинскиот командант одговорен за фронтот на североистокот на Харков е сменет за време на руската офанзива во таа област, соопшти денеска портпаролот на украинската армија Назар Волоши.

Тој информираше дека за нов коамндант на тој дел од фронтот Киев го назанчил бригадниот генерал Михаило Драпатџи, пренесува Ројтерс.

Киев во петокот објави дека руските сили се обиделе да ги пробијат украинските одбранбени линии во регионот на Харков.

Генералштабот на вооружените сили на Украина денеска соопшти дека продолжуваат тешките борби со руските сили во правецот Харков и дека ситуацијата динамично се менува, пренесуваат западните агенции.

Украинскиот Генералштаб наведува дека во моментов траат жестоки борби во тој дел од фронтот и дека Русија во моментов постигнала тактички успех.