Мустафаоглу: Гласовите на Левица се единствените за кои не беше даден ниту денар
За секој еден глас даден за ЛЕВИЦА сум ви преблагодарна. Бидејќи знам дека тие гласови се дадени и покрај притисоците и уцените кои ги трпевте од моќниците. Тие гласови се единствени за кои не беше даден ниту денар, ниту ветено вработување, ниту било каква привилегија. Беше понудена само програма, искреност и ветена борба, вели Дарја Мустафаоглу од Левица.
-Драго ми е што не потпаднавте под лажгите коишто континуирано ги ширеа дури и на самиот ден на изборите. Ни медиумската блокада, ни “инсталациите“, ни одењето врата до врата и плашење на народот, ни скромниот буџет не успеа да го спречи растот на Левица. Докажавме дека може сѐ и сите “веќе познати фактори“ да се против нас, но дека нема поголем фактор од буден народ!
Гласовите на Левица не се дадени бирајќи го помалото зло, туку од порив за вистинска промена, смета Мустафаоглу.
-Одвај чекам да им паднат маските на сите и да видите кои пратеници ќе останат единствени на страна на народот и Македонија.
Уште вчера им ги пореметивме пресметките, не па кога ќе ја видите екипата составена од Димитар Апасиев, Реџеп Исмаил, Amar Mecinović, Борислав Крмов, Саше Јанчев и Јована Мојсоска официјално во Собрание, додава таа.