Јанчев: Денот на победата
- Фејсбук статус на Сашко Јанчев, пратеник на Левица
Во доцните часови на 8 наспроти 9 мај 1945 Високата команда на Фашистичка Германија потпиша капитулација. Така 9 мај стана Денот на победата над фашизмот, а со тоа практично заврши Втората светска војна во Европа.
Во борбата против фашизмот свој придонес даде и македонскиот народ и тоа преку партизанските одреди кои до крајот на војната прераснаа во Народноослободителна војска на Македонија.
Таа борба е со двојно значење. Од една страна тоа беше придонес во светската борба против фашизмот, а од друга страна тоа беше борбата преку која се оствари вековниот сон на македонскиот народ за формирање на посебна македонска држава и остварување на правото на самоопределување на македонскиот народ.
Во вечерните часови на 8 наспроти 9 мај 2024 Левица ЛО Гевгелија имаше два настани за одбележување.
Првиот е исходот од парламентарните избори, а вториот е Денот на победата над фашизмот.
Со поклонение пред Спомен костурницата на борците од Народноослободителната војна од Гевгелиско, прославата беше две во едно.
Длабок поклон и неизмерна благодарност за гевгелиските борците од Вториот Илинден кои своите животи ги положија како граѓа, како темел, на АСНОМСКА Македонија.
Длабок поклон за сите оние 67 000 и кусур луѓе кои гласаа за Левица. Вие сте брана која не да дозволува жртвата на претходните генерации за создавање на Република Македонија да биде за џабе. И оваа брана ќе расте и на крај заедно ќе си ја спасиме и обновиме АСНОМСКА МАКЕДОНИЈА.
Честит 9 Мај!
Смрт на фашизмот, слобода на народот!
Честито 6 неподмитливи пратеници во Собранието на Република Македонија!
Да живее Македонија!
(Сликано во раните утрински часови на 9 мај 2024 пред Спомен костурницата на борците од НОВ во Гевгелија)