Мојсоска: Извините шо ве заморивме изминатиов период, ама кога непријателот не мирува, не мируваме и ние
- Фејсбук пост на Јована Мојсоска од Левица, носител на ИЕ 5
Откако се изнаслушавме ветувања за мед и млеко, европски иднини и одговорност за криминалите (што 30 години не сме посведочиле) – мојата маленкост се потруди да ја илустрира бруталната реалност надвор од блескавите кампањи.
Кичевската болница се гради од 1985 година (!), го помина таткото на Филипче (кој беше министер во 90-тите), го попрати Венко Филипче како министер, па изгледа го чекаме синот на Филипче за да се финализира овој инфраструктурен феномен.
Извините шо ве изпозамаравме изминатиов период – ама кога непријателот не мирува, не мируваме и ние. Верувам дека тоа што го ветувавме го имаме и ДОКАЖАНО, а тоа е искрена борбеност, бескомпромисност, пркос и доследност на каузата.
Од нас толку – останатото е на Севишниот!
П.С. Околу хистеријата дека “секој глас што не е за ДПМНЕ е фрлен глас”, сетете се дека истиот наратив беше во 2016-та година (“секој глас што не е за СДС е фрлен глас”). Сетете се што следеше потоа.