Јанчев: На крајот, сепак, ќе победиме

  • Фејсбук статус на Сашко Јанчев од Левица, носител на ИЕ 4

Сите антинародни елементи кои последните 30 години паразитираат врз Македонија како никогаш досега имаат исти цели. Првата им е да го сменат Уставот уште во првите 200 дена, а втората да продолжат “како до сега”.

Ним им тежи стотонска вина за се досега. И сега продолжуваат со раце гнасни на народот во душа да му чепкаат. Својата волчја нарав, нивните муцки скриени под овчи кожи, нивната престапничка и плитка лицемерност по кој знае кој пат ја продаваат како патриотизам и ја затскриваат зад евроатланска бајка.

Но ова им се последните дни. Веќе им фрламе кал во суратите црни. Бунтот почна и нема назад.

Со нашето делување внесовме нова содржина во политичката борба.

Нивните пакости ги правиме видливи, а тоа во комбинација со нашата истрајност и неподмитливост на долг рок ќе биде фатално за нив.

И они ова добро го знаат. Затоа маваат по нас со се што имаат. Затоа бегаат од дебати, медиумски не гушат, шират лаги, прават притисоци на нашите симпатизери, спинуваат на христијански празници и најпростачки кинат билборди и плакати.

Но ние сме една толпа, лоши, црнокошуљашки гадови, како што не викаат нашите политички непријатели. Проклет да бидам, кај и да одиме не ловат ко некои ѕвериња. Ама па и ние проклет да бидам, никако не се даваме. Чуден некој сој сме.

И не што ова нема да не предомисли, ами напротив уште појако ќе продолжиме. Секојдневно ќе потсетуваме за сите минати предавства, а обидите за нови предавства низ нос ќе им ги извадиме.

Не постои сила која може да не запре оти огнот во кој сакаат да не изгорат, е обично пламенче во споредба транзицискиот пекол во кој сме искалени.

И затоа на крај сепак ние ќе победиме!